Зошто Биди Добар?

2/13/2025

Повеќето луѓе се добри, само немаат самодоверба тоа да го покажат.

“Ако помагам на луѓето, ќе ме искористат. “

“Ако пишам колку ја сакам сопругата, ќе сум папучар.”

“Нека тој ми пиша…зошто па јас прв да пишам..”

Животот е краток пријатели. Немаме време за негатива.

Ако се восхитуваш на некој, кажи му.

Тие што ги сакаш и ти фалат, јави им се.

Кога вашето дете си дојде од школо, не прашувајте го само дали добило добри оценки…прашајте дали има помогнсто на некој.

Некој пријател почнал бизнис? Споделете, не ве кошта ништо.

Мисијата на Биди Добар е да нормализираме љубезноста и добрината.

Да редефинираме успех со колку добро еден направил, а не колку пари.

Да покажеме дека добрината е сила, а не слабост.

До крајот на животот ќе зборувам за ова затоа што толку ми е важно.

Сакам моето дете да расте во свет што е љубезен и полн со љубов! Кога го прашам што сака да биде, да каже добар, а не богат. Да расте во свет знаејки дека само со добрина ќе успее, затоа што на добрите уште подобро и се враќа!

Related Stories