Среќа

Правилото за среќа: 50/40/10

САМО-ПОДОБРУВАЊЕЗДРАВЈЕ

Антонио Иванвоски

2/20/20251 min read

worm's-eye view photography of concrete building
worm's-eye view photography of concrete building

Дали го знаете правилото за среќа наречено 50/40/10? Ова е концепт кој кажува за факторите што придонесуваат за нашата среќа

Правилото гласи дека 50% од нашата среќа е генетиката. Што и да правиш овие 50% неможеш да ги смениш. Некој луѓе се едноставно природно посреќни од други. Дали тоа значи дека немаш контрола над среќата? Паааа не баш.

10% од среќата се нашите околности. Животните околности се однесуваат на надворешни фактори кои влијаат на нашата среќа, како што се социо-економскиот статус, работната ситуација, брачниот статус и здравјето. Наредниот пат кога помислиш дека ќе бидеш посреќен кога ќе имаш подобра работа или повеќе пари знај дека ефектот е минимален.

А што се тогаш другите 40%?

40% е под влијание на намерни активности. Оваа категорија ги опфаќа намерните дејства и избори што ги правиме во секојдневниот живот за да ја зголемиме нашата среќа. Вклучува активности како што се практикување благодарност, градење значајни врски (пријателски и романтични), поставување и постигнување цели, негување позитивни емоции и развивање стратегии за справување со тешки ситуации.

Додека овие проценти се приближни проценки, правилото нагласува дека имаме значителен степен на контрола врз нашата среќа преку намерни дејства, дури и ако одредени аспекти се под влијание на генетиката и надворешните околности.