Обични Денови
Секој ден со децата е посебен ден.
РОДИТЕЛСТВО


Инспирирано од Ryan Holiday:
Секој родител чуствува притисок да спрема посеби настани и мемории за своите деца. Сакаме да имаат сеќавања од детството. Го планираме тој голем семеен одмор со месеци. Ги ставаме сите во кола и возиме како лудаци низ сообраќајот за да стигнеме до некоја си специјална вечера на време. Сите ги облекуваме во некоја најмалку удобна облека и ги позираме за незгодни слики.
Зошто го правиме ова, децата понекогаш ќе прашаат. А одговорот е секогаш нешто како: Затоа што сме семејство. Ова е она што го прават семејствата.
Тоа е се океј, но вреди секогаш да се сеќаваме дека можете да бидете само семејство, во секое време и каде било. Тоа е она за кое зборува Џери Сајнфелд кога ги споредува „квалитетно време“ и „секојдневно време. Сосема е добро да седите на каучот и да бидете семејство, знаете. Не мора да се дотерувате или да планирате некое комплицирано излегување. Да се биде родител не е само она што е добро прикажано на фотографиите на Инстаграм.
Доволно за нашите деца е само да се дружиме со нив…да седиме со нив во автомобил, јадејќи помфрит од сендвичара заедно…да шутираме топка во дворот… Да одиме на пешачење заедно. Да составуваме лего со најмладите додека мама и постарите деца гледаат телевизија.
Вреди да се каже повторно: Можете да бидете семејство во секое време, каде било. Всушност, најзначајните моменти се кога сте заедно, и тоа е доволно. Кога сите се присутни, во секоја смисла на зборот.
Тоа се искуства кои се и евтини и богати. И можете да ги имате многу почесто, ако сакате.