Немој да си магаре

Можеме да постигнеме се во животот, но не се од еднаш.

САМО-ПОДОБРУВАЊЕКАРИЕРА

2/14/20251 min read

Сега ќе ви ја кажам мојата омилена приказна на која се потсеќам секој пат кога сакам се да нарпавам а неможам да постигнам. Сакам да се усовршам да програмирам подобро за на работа, сакам да бидам со фамилијата, сакам да шетам низ светот, сакам да се научам да бидам диџеј, сакам фудбал да играм, сакам бизнис свој да почнам, и уште десет работи. Од се тоа сакање, се преоптоварам и на крајот ништо не завршувам.

Можеби сте ја слушнале оваа приказна: магарето стои на пола пат помеѓу куп сено и кофа со вода. Само гледа лево и десно, обидувајќи се да одлучи помеѓу сено и вода. Не можејќи да одлучи, на крајот умира од глад и жед.

Магарето не може да размислува за иднината. Кога би можел, јасно би сфатил дека прво може да ја испие водата, а потоа да оди да го јаде сеното.

Така и ние, можеме да постигнеме се во животот, но не се од еднаш.